Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Ѕвездата на Рома се врати!

Објавено:

Ѕвездата на Рома, Николо Заниоло е повторно на теренот.

Овој млад фудбалер кој игра во средниот ред беше повреден кон средината на јануари. Тоа беше повреда на лигаментите на коленото и беше јасно дека нема да го гледаме на теренот неколку месеци.

Со оглед на својата младост и упорност, Заниоло се врати нешто побрзо од очекуваното и се враќа на тренинзи од денес. Ова го потврди самиот фудбалер преку Инстаграм објавувајќи две видеа.

Секако, паузата поради Ковид-19 дојде многу корисна затоа што тоа значи дека тој сега може да ги игра и преостанатите 12 меча во Серија А, онолку колку што останаа до крајот на првенството. Инаку, ако лигата завршеше навреме, тој скоро сигурно немаше да одигра ниту еден натпревар.

Сепак, тоа не значи дека тој ќе може да игра за „Волчицата“ во август во Лигата на Европа, бидејќи не е регистриран за ова натпреварување. Рома не го стави на списокот на играчи на кои смета, во нокаут-фазата на второто најквалитетно европско клупско меѓународно натпреварување во февруари, затоа што сметаше дека сезоната за него е завршена. Рома се обиде дополнително да го вклучи во списокот со имиња, но УЕФА го отфрли тој предлог.

Да потсетиме, Рома ќе игра против Севилја во осмина финалето од споменатото натпреварување, а натпреварите наводно се планирани за месец август.

Пред повредата Заниоло оваа сезона забележа 24 натпревари, постигна шест гола и две асистенции.

View this post on Instagram

I’m back

A post shared by Nicoló Zaniolo (@nicolozaniolo) on

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама