Connect with us

Фудбал

Виера против легендите на Арсенал: Џака заслужува поголема почит

Поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виера проговори за ситуацијата на Гранит Џака и го поддржува албанскиот играч од средниот ред за надминување на најновата „драма“. На 27-годишниот капитен на Арсенал му беше одземена капитенската трака, откако бесно реагираше пред своите навивачи минатиот месец за време на замена. Тренерот Унаи Емери призна дека неговата иднина на „Емирати“ сега е неизвесна. Додека многумина го критикуваа Џака за неговото однесување, Виеира застана во одбрана на играч на репрезентацијата на Швајцарија, потенцирајќи дека тој заслужува поголема почит отколку што имаше.

“Жал ми е за него, бидејќи тој беше капитен на Арсенал и минува низ многу тежок период  – изјави Виеира за британските медиуми.  – Мислам дека треба да бидеме објективни, да не заборавиме дека Џака измина долг пат откако дојде во Арсенал, затоа тој заслужува многу почит.  Кога сте фудбалер и не го правите тоа што го очекувате, се фрустрирате со себе.

Јас лично знам колку е добар, и ќе помине низ овој тежок период. Џака е силен човек и добар играч. Убеден сум дека тој ќе покаже колку е добар“.

Виера помина поголем дел од својата кариера играјќи за „Топџиите“, но исто така ги носеше и дресовите на Јувентус, Интер и Манчестер Сити. По завршувањето на кариерата во 2011 година, поранешниот француски интернационалец ја започна својата тренерска кариера. После две години на чело на Њујорк Сити во МЛС, Виеира моментно ја предводи Ница во Лига 1.