Други спортови
Викендов имаше „медумски мрак“, дали следната недела ќе се „затемни“ екранот за време на дербито во Италија?
Следната недела со почеток во 17:15 часот, Милан ја пречекува Рома. Тоа е прво дерби во Серие А по паузата поради коронавирусот. Вчера, кабелските оператори ги исклучија сите ТВ програми, освен МРТВ. Сепак, ова не траеше долго, иако во тие моменти се играа одредени фудбалски мечеви. Дали и следната недела ќе биде исто и ќе бидеме спречени да гледаме фудбал и спорт на ТВ, останува да се види.
Сепак, има најави дека ќе се одржат состаноци за решавање на проблемот.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски најави дека во текот на денов ќе има средби со засегнатите страни во однос на исклучувањето на емитувањето на телевизиските канали што го направија синоќа операторите.
Според Манчевски, новите настани и информации му даваат оптимизам за надминување на проблемот.
– Во текот на денот ќе имаме комуникација на оваа тема со сите заинтересирани страни. Јас би почекал во текот на денот да видиме како ќе се одвива ситуцијата. Јас и вчера напишав на Фејсбук и издадовме соопштение од Министерството дека се работи за прекршување на членови од Законот за електронски комункации. Без разлика денес ќе оствариме неколку средби со заинтересираните страни за да видиме што и да се случува да не биде на грбот на граѓаните како што тоа беше вчера, изјави Манчевски при посетата на канцеларијата „Една точка за услуги“ во Тетово што денеска и официјално почнува со работа.
Манчевски потенцира дека Агенцијата за електронски комуникации како регулаторно тело е надлежнa за евентуални постапки кон операторите што вчера го исклучија емитувањето на телевизиските канали.