Connect with us

Кошарка

Вилијамс го замени Пелистер со Кожув

Чез Вилијамс и во новата сезона ќе настапува во Македонија и тоа во редовите на Кожув.

Чез Вилијамс ги напушти редовите на битолски Пелистер и во идната сезона ќе ја организира играта на гевгеличани. Американскиот плејмејкер имаше забележителни настапи во „зелено-белиот“ дрес, но не успеа да се договори со битолчани за нова соработка, па својата кариера ќе ја продолжи во Кожув.

Американецот е второ засилување од Пелистер во Кожув, откако во Гевгелија претходно се пресели и Нацевски. Покрај нив, Кожув осетно се засили и во борбата под обрачите, откако од Работнички беше доведен Кире Николовски.