Фудбал
Вилијан не донесе одлука: Тешко дека ќе останам …
Бразилецот Вилијан сè уште не донесе одлука дали ќе остане во Челси или ќе ја смени средината.
Челси му нуди нов договор, но на маса има и понуди од Арсенал и Тотенхем.
„Челси ми дава двегодишен договор и јас реков дека сакам тригодишен договор. Ситуацијата е тешка поради тоа. Не знам дали ќе биде можно за мене да останам. Целта е да продолжам да работам и да бидеме фокусирани така што клубот може да продолжи да победува кога сезоната ќе продолжи“, беше јасен Бразилецот.
Сепак, се чини дека тој е поблизу до заминувањето.
„Мислам дека ќе ми биде тешко да останам. Ќе видиме што се случува“, додаде 32-годишникот.
Поради неговата возраст, Челси не сака да му даде подолг договор, па ситуацијата е многу неизвесна.