Други спортови
Вимблдон се враќа по година пауза – Кирјос повторно испраќа „отровни стрели“ за Ѓоковиќ
На 28 јуни, по две години чекање, тргнува новото издание на најважниот и најпрестижниот турнир на светот – Вимблдон.
Ник Кирjос се надева дека ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ за време на Вимблдон кој почнува од понеделник.
Кирјост рече дека тој е единствениот кој може да му се спротистави на светскиот рекет број 1 и покрај тоа што не играше често во последните две години.
“Прилично е лудо што играв само два турнира во последните две години но сè уште сум еден од ретките што може да му ја отежне работата на Ѓоковиќ. Благослов е. Може и да не играм, но луѓето сакаат само еден натпревар, Кирјос на Ѓоковиќ. Тоа покажува колку му носам на нашиот спорт “, изјави контроверзниот австралиски тенисер.
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер смета дека е подготвен за гренслем-турнирот Вимблдон, иако во претходниот период го мачеше повреда.
Негов ривал на стартот на турнирот е Адријан Манарино, кој досега го победи дури шест пати, па се надева на нова победа.
Овој турнир му е поважен во однос на претходните, а тоа го потврди и за медиумите.
„Ми требаа неколку дена за да разберам што можеме, а што не. Долго време доаѓам тука, а сега се разликува во однос на тоа што беше пред 20 години. Претходно доаѓав со семејството и шетав., но сега се чувствувам привилегирано зашто можам да играм тука. по тоа што го минав, ова е одлично. Среќен сум“, кажа Федерер.