Connect with us

Фудбал

Винисиус ги коментира шпекулациите за трансфер во ПСЖ

Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ги демантираше шпекулациите дека во текот на летото ќе се пресели во ПСЖ, инсистирајќи на тоа дека сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“.

За Винисиус се шпекулираше за можен трансфер во ПСЖ за време на јануарскиот преоден рок, бидејќи спортскиот директор на клубот, Леонардо, наводно, бил голем обожавател на неговиот бразилски сонародник.

Сепак, Винисиус не планира да го напушти медригалскиот гигант на крајот од оваа сезона, бидејќи тој сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“, каде што се пресели во 2018 година.

Винчиус инсистираше на тоа дека трансферот не е опција за него.

„Нема друга опција за мене, сакам да останам во Мадрид“, изјави бразилскиот напаѓач.