Фудбал
Винисиус го изнервирал Зидан и неговите соиграчи, па замина од тренингот
Бразилскиот фудбалер Винисиус Јуниор имаше жесток испад во изминатата недела.
Според Едуардо Инда од Окдијари, Виникус тренирал по натпреварот со Хетафе, и доста ги изнервирал соиграчите и тренерот Зинедин Зидан.
„За него се зборува во соблекувалната. Тој е доста вознемирен откако одби да тренира со играчите кои не играа против Хетафе. Тој дури успеа да го изнервира Зинедин Зидан”, рече Инда.
Потоа открил дека тренингот на младата бразилска ѕвезда траела само неколку минути.
„Тие успеаја да го убедат да дојде на тренинг. Сепак, тој направи три кратки спринтови и замина“ …
Винисиус има забележано 16 настапи оваа сезона и има постигнато два гола и една асистенција.