Connect with us

Фудбал

„Вирусот ме направи посилен“

Објавено:

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани, зборуваше за неговиот чуден месец, бидејќи тој беше еден од првите фудбалери кои се заразија со КОВИД-19.

Излезе позитиевн во март, но веќе го остави зад себе вирусот што одзема животи низ целиот свет.

Тој рече дека надминувањето на таа ситуација го направило посилен.

“Јас сум добро. Имав чуден месец, но најважно е што сè помина добро и јас се сметам за среќен “, рече Ругани за „Скај Спорт Италија“.

„Се започна и стравот растеше со вестите. Се плашев дека ќе ја пренесам болеста на мојата партнерка, кој е бремена“.

„Да се ​​уверам, решив да одам директно на изолација во Континаса и тоа беше најдобрата и најсоодветната работа за сите. Морам да им се заблагодарам на лекарите за нивниот професионализам и нивната способност да ни помогнат “.

„Секако, надминување на оваа состојба ми даде на мене и на мојата парнтерка поголема сила и позитивна енергија“, додаде тој.

Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама