Други спортови
Вирусот се шири помеѓу тенисерите, позитивен и тренерот на Ѓоковиќ
По Новак Ѓоковиќ, Борна Чориќ, Григор Димитров, позитивен на Ковид-19 е и легендарниот хрватски тенисер Горан Иванишевиќ, кој е тренер на Ѓоковиќ.
„По два негативни теста овие 10 дена, штотуку дознав дека сум позитивен на Ковид19. Немам симптоми и се чувствувам добро. Продолжува во самоизолација, а на сите заразени им посакувам брзо опоравување“, напиша Иванишевиќ на Инстаграм.