Connect with us

Други спортови

Висока е цената, откако играше со инјекции, Надал дома се врати со патерици, едвај се движи, а Вимблдон е на 27-ми јуни (ВИДЕО)

Рафаел Надал го освои Ролан Гарос и се врати во Шпанија. Тој во неделата стигна до својата 22. Грен слем титула, но играше во Париз под инјекции и со големи болки.

Излезе од автомобилот со патерици по пристигнувањето во Мајорка, но делеше и автограми пред да се врати дома.

Надал наскоро ќе проба нова терапија на стапалото и доколку таа даде резултат би можел да игра на Вимблдон кој ќе започне на 27 јуни.

Моментално едeн од најголемите во историјата има две Грен слем титули повеќе од вечните ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.