Фудбал
Вистинска римска класика, црвен картон, еден гол, многу тензии, на крајот Лацио победник (ВИДЕО)
Лацио славеше против Рома во римското дерби со 1:0 со голот на Закањи во 65-тата минута. Во првото полувреме Рома беше малку подобра, имаше некои шанси, но се чини трагичар на мечот беше Ибањез кој во 8-та и 32-та заработи жолти картони, а тоа значеше исклучување. Лацио ја искористи бројната предност на теренот и постигна гол за победа. Рома успеа да израмни три минути по водството на Лацио, но сепак по прегледување на ВАР снимката беше досуден офсајд.
Со оваа победа Лацио собра 52 бода и го скокна Интер на втората позиција, кој вечерва против Јувентус го игра дербито на Италија. Рома е на петото место со 47 бодови.