Фудбал
Вистински хаос во тимот на Сампдорија поради коронавирусот
Откако вчера беше потврдено дека напаѓачот на Сампдорија, Маноло Габијадини е позитивен на коронавирус, овој тим денес објави уште лоши вести.
Четворица други играчи на овој тим се заразени со коронавирус, а клупскиот доктор е исто така позитивен.
„Откако Маноло Габијадини беше позитивен на тестирањето за коронавирус, истото се случи и со четворица други фудбалери. Омар Коли, Албин Екдал, Антонино Ла Гумина и Мортен Торзби кои се позитивни на коронавирус. Исто така, д-р Амадео Балдари е позитивен. Сите се добро и се наоѓаат во своите домови во Џенова“, соопшти клубот.
Сампдорија во моментов е клуб со најмногу заразени фудбалери. Има вкупно пет со позитивни тестови и навистина е среќа што е прекинато италијанското првенство.
Од ден на ден има нови случаи и нема дилема дека нè чекаат попозитивни тестови на познати фудбалери.