Connect with us

Други спортови

Виталиј Кличко ја остави пушката, но само за денеска, не станува збор за примирје, поводот е друг (ВИДЕО)

И не, ова не е примирје, ниту пак Кличко решил да ги напушти војниците, тој само сакал да држи цвеќе во раката на овој ден, 8 март, меѓународно признат како Ден на жената, наместо пушка.

Тој на сите жени во светот им го честиташе празникот, особено на Украинките кои минуваат низ пеколот.

„Среќни празници за вас, најдобри, најубави и најсигурни дами! На вас кои денес ја браните Украина и на оние кои ги чуваат нашите деца и ги прегрнуваат“, рече Кличко.

Украина е во војна откако руската армија изврши инвазија на соседна земја под изговор за „демилитаризација и денацификација“. Војната трае веќе 12 дена …