Фудбал
Владата одобри: Фудбалот во Португалија се враќа на 1 јуни
Португалскиот спортски портал „ABola.pt“ пишува дека фудбалот во оваа земја ќе се врати на 1 јуни.
Наведено е дека португалската влада ќе дозволи продолжување на спортски настани на 1 јуни, а тој датум исто така се совпаѓа со последната фаза од планот за продолжување на економските активности во Португалија.
Планот што го подготви владата може да вклучува и препораки за продолжување на спортските активности, како и продолжување на активностите во тимски спортови, се разбира без публика.
Сепак, треба да се напомене дека натпреварите во ракомет, кошарка, одбојка и футсал веќе се целосно прекинати во Португалија, така што конечната официјална одлука е во очекување само кога станува збор за професионален фудбал (Лига 1 и 2).
Патем, фудбалската сезона на Португалија е под прекин од 12 март.