Други спортови
Владимир Егоров стана европски шампион
Македонскиот репрезентативец со Руско потекло, освои злато на европското првенство во Будимпешта
Штипјани имаа можност натреварот да го проследат на видео бим, на Градскиот плоштад „Слобода.
Љубителите на овој спорт, како и членови на БК „Балканец“ и сите присутни ја прославија победата на Егоров.
Спортската еуфорија штипјани ќе ја продолжат на плоштадот, каде што ќе можат да го проследат и фудбалскиот натревар Португалија- Северна Македонија.
Општина Штип го организира следењето на натпреварот.