Connect with us

Фудбал

Влаховиќ избра: Ќе го следи срцето, Србија го добива најскапиот фудбалер досега, платата „скромна“

Италијанскиот печат и во сабота е „полн“ со наслови за Душан Влаховиќ.

Арсенал е клуб кој инсистира да доведе одличниот Србин, но се чини дека одличниот напаѓач ќе го следи своето срце и ќе остане во Серија А.

„Топчиите“ подготвија одлична понуда и за играчот и за Фиорентина, но неговите менаџери не сакаат ниту да слушнат за трансфер во Лондон.

„Tuttosport и Gazzetta dello Sport“ пишуваат дека 21-годишниот напаѓач се одлучил за Јувентус.

Торинскиот весник наведува дека Старата дама има намера да ја искористи големата желба на одличниот напаѓач да заигра за „бјанконерите“ и веќе подготвила понуда од 60 милиони евра.

Во тој случај Влаховиќ би станал најскапиот српски фудбалер во историјата, заедно со Лука Јовиќ, кој исто така беше платен 60 милиони.

Од Милано пристигнуваат информации и за висината на платата која Влаховиќ треба да ја заработи во Торино. Станува збор за цифра од седум милиони евра плус можни бонуси, па таа бројка би можела да порасне и до 10 милиони евра.

„Виолите“ соопштија дека засега нема официјален контакт, но Јувентус веќе почнал да работи на трансфер со менаџерите на Влаховиќ.

Приоритет на Старата дама е да стекне доверба и да го убеди Влаховиќ дека Торино е вистинското место за продолжување на неговата кариера, што се чини веќе е направено.

Следниот чекор ќе бидат преговорите со Фиорентина, нешто што често се гледа во последните години. Последниот голем трансфер од Фиренца во Торино е тој на Федерико Киза.