Фудбал
Влаховиќ воодушеви со изјавата за родителите, па рекол: Мене ми е доволно само за гардероба и море
Душан Влаховиќ одлично ја започна својата авантура во Јувентус.
Тој минатиот викенд дебитираше за Старата дама на дуелот против Верона во Серија А, а му беа потребни само 13 минути да постигне гол за новиот клуб.
Влаховиќ со изјавата по натпреварот ги воодушеви сите, а се работеше за делење пари.
„До полнолетство сите пари ги добиваа моите родители и мислам дека така треба. Би им дал се, тие го заслужуваат само најдоброто“, рекол Влаховиќ, а потоа открил за што му требале парите. :
„Секогаш ми беше доволно само да имам за гардероба и патување до море.“
Душан Влаховиќ се изедначи со Чиро Имобиле од Лацио на врвот на листата на стрелци во Серија А со 18 гола и две асистенции.