Connect with us

Други спортови

Вложил 4,5 милијарди на стадион на кој не може да се игра фудбал од бизарна причина

Совршениот обијект има голем недостаток.

Сопственикот на европскиот великан Арсенал, Стен Кроенке се соочува со голем срам бидејќи на стадионот на кој вложил 4,5 милијарди евра не може да се играат фудбалски натпревари.

Кроанке пред 18 месеци отвори супер модерен стадион каде своите натпревари ги игра франшизата од НФЛ ЛА Рамс.

Стадионот SoFi со 70.000 седишта е најскапиот во светот, а беше домаќин на SuperBowl пред неколку недели.

Сепак, како што стојат работите, овој стадион е пред сериозна реконструкција доколку сака да биде еден од домаќините на СП 2026 година.

Имено, овој стадион не ги задоволува нормите на ФИФА бидејќи димензиите на теренот се прекратки. За фудбалски натпревари димензиите мора да бидат 105X68 метри, што во моментов не е случај.

За потребите на американскиот фудбал, димензиите на теренот се нешто пократки (91X49 метри) и архитектите веројатно се воделе по таа логика при градењето на стадионот.

Се очекува ФИФА во мај да објави на кои стадиони ќе се одржи Светското првенство во 2026 година. Мексико и Канада ќе обезбедат три, а САД преостанатите 10 стадиони.

Богатството на Стен Коренке се проценува на 10,7 милијарди долари.