Поврзи се со нас

Фудбал

ВМФЛ: Тетекс со пенал до победа против Кадино

Екипата на Тетекс забележа важна победа во Втората лига – Запад и како домаќин беше подобар од Кадино (1-0), во дуел во рамки на осмото коло.

Лазар Пеев на средина од вториот дел го реализиаше ударот од елата точка, кој на „штофарите“ им го донесе вториот сезонски триумф и ја прекина серијата од три порази во низа, па Тетекс сега се зацврсти на претпоследното место на табелата, но не е далеку од посигурната зона, па е на три бода од Кадино и Охрид, а само два од Вардар Форино.

За Тетекс ова беше втора победа во новата сезона и тимот има шест бода во Втората лига – Запад. На табелата е пред Дрита со четири бода. Кадино, пак, го доживеа петтиот пораз.

Advertisement

Facebook

Реклама