Connect with us

Кошарка

Во 2011 година, Леброн Џејмс за малки не го промени спортот

Леброн Џејмс скоро го смени спортот во 2011 година и сериозно размислувал да игра во НФЛ.

Најголемата sвезда во НБА-лигата беше подготвена да го смени спортот и да игра американски фудбал, а во текот на 2011 година, на маса имаше понуда од Даулас Каубои.

Леброн призна дека беше сериозен во врска со одењето во НФЛ.

„Размислував за тоа. Не знаев колку долго ќе трае траењето во локаут“, рече Џејмс, додавајќи:

„Бев сериозен. Почнав да работам уште потешко во салата. Беше лудо“, рече Џејмс.

Сепак, НБА лигата се врати многу брзо и сонот на Леброн Џејмс за кариера во НФЛ беше краткотраен. Сепак, многумина тврдат дека тој би постигнал многу и во тој спорт, заради неговите физички способности, особено кога се знае дека тој бил фантастичен американски фудбалер во средно училиште.