Connect with us

Фудбал

Во Аргентина спектакл, почит за фудбалерите, но жените на Аргентинците уништија се!

Фудбалерите на Аргентина ја победија селекцијата на Панама со 2:0 во Буенос Аирес, во пријателски натпревар кој во суштина беше прослава на освоената светска шампионска титула на Светското првенство во Катар.

На натпреварот присуствуваше целата селекција на Аргентина која во финалето на Светското првенство во Катар ја совлада Франција. Меси и соиграчите ги донесоа своите семејства на стадион, а сопругите на некои фудбалери покажаа дека не знаат да бидат дами на јавно место.

Имено, неколкумина од нив на чело со Мандија Мартинез, сопругата на голманот на Аргентина, го повторија скандалозниот потег од финалето на Светското првенство во Катар. Претходно самиот Мартинез и соиграчите го повторија гестот.