Connect with us

Фудбал

Во Барселона доаѓа играч кој е едиствениот што може да го задржи Меси на „Камп Ноу“?

„Кадена СЕР“ објави дека Аргентинецот Серхио Агуеро сериозно размислува да замине од Манчестер Сити и да се пресели во Барселона. Ова наводно го кажале извори блиски до напаѓачот, а ги објави новинарот Санти Овале.

Познато е дека Срхио Агуеро и Лионел Меси се добри пријатели. Тоа пријателство датира од 2005-та година кога беа цимери кога Аргентина стана светски првак во младинска категорија.

Наскоро во Барселона ќе се одржат претседателски избори, а наводно сите кандидати, оние најсериозните посакуваат да го задржат Меси, па ако треба за таа цел ќе му го донесат и Серхио Агуеро.

Договорот на Агуеро со Сити истекува на 30 јуни и како слободен играч може да се пресели во Каталонија.