Фудбал
Во Дортмунд само се насмевнаа на понудата на Манчестер Јунајтед
Младиот англиски фудбалер Џејдон Санчо ова лето ќе биде една од главните цели на многу европски великани.
Санчо пристигна во Дортмунд пред три години од Манчестер Сити за само осум милиони евра, и покажа дека е фантастичен играч. Наводно, тој сака да се врати во Англија, а во последно време најмногу се поврзува со Манчестер Јунајтед.
Од Дортмунд, тие испратија јасна порака на сето ова дека Санчо може да оди само ако некој плати 85 милиони евра за него. Но, „црвените ѓаволи“ се обидуваат да најдат друго решение затоа што не се во можност да издвојат толку многу пари за Санчо.
Вчера англиските медиуми објавија дека Јунајтед сака да вклучи еден од своите играчи во трансферот, а тоа е Алексис Санчез. Чилеанецот во моментов игра за Интер на позајмица, но јасно е дека тој ќе се врати на „Олд Трафорд“ на крајот на сезоната.
Сепак, Дортмунд денес одговори и рече дека нема шанси тие да се согласат на ваква размена на играчи. Иако Алексис сигурно е врвен фудбалер, очигледно е дека во Дортмунд сметаат дека тој не е достојна замена за Санчо.