Фудбал
Во дрес на Баерн отиде на трибината на навивачите на ПСЖ, се вклучи на Тик-Ток, го фатија, го соблекоа и претепаа (ВИДЕО)
Навивач на Баерн е повреден на трибините на Паркот на принцовите откако реши да го гледа натпреварот од Лигата на шампионите меѓу приврзаниците на Пари Сен Жермен. Не само што се „шверцуваше“ меѓу нив, туку и реши да сними видео блог за да ја покаже својата „храброст“, што секако не заврши добро за него бидејќи не им требаше многу на парижаните, кои патем ги имаат можеби најжестоките ултраси во Франција, за да го забележат натрапникот и да се справат со него.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) February 15, 2023
Можеби ќе го оставија сам доколку споменатиот навивач на Баерн не го облечеше дресот на германскиот клуб под тренерката и не го покажеше додека снимаше за TikTok, надевајќи се дека ќе стане вирален, а остатокот од видеото кое сега кружи на социјалните мрежи покажува дека сериозно е претепан.
14.02.2023, PSG🇫🇷 – Bayern München🇩🇪, fight PSG vs Bayern fan https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/kZUgWipNY0
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) February 15, 2023