Connect with us

Фудбал

Во Италија му „простија“, ама се чини УЕФА не, Јувентус ќе биде исфрлен од Европа!?

Како што Италијанската фудбалска федерација го израдува Јувентус со враќањето на 15-те бодови одземени поради наводна финансиска измама, сега „старата дама“ добива лоши вести од УЕФА. Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ пренесува дека УЕФА ги следи случувањата во Јувентус и би можела дури и да ги исклучи од нивните натпреварувања за следната сезона, секако под услов да се утврди дека навистина ги „наместиле“ финансиските извештаи.

Истрагата што ја спроведува самата УЕФА е во тек и ќе утврди дали Јувентус ја зголемил финансиската добивка со „сомнителни трансфери“ и на тој начин успеал да направи измама во финансискиот фер-плеј, што може да биде страшен удар за клубот од Торино.

Да потсетиме, на Јувентус му беа вратени бодовите кои му беа одземени во Серија А (минус 15) по прифатената жалба, па сега е закажано ново судење кое треба да заврши до крајот на јуни, а кое е особено интерес за УЕФА. Претходно УЕФА го казни Јувентус со 3,5 милиони евра за кршење на финансискиот фер-плеј, додека му „прости“ нови речиси 20 милиони евра казни и му даде нов рок да ја средат работата.