Connect with us

Фудбал

Во италијанска Реџина има 21 заразен фудбалер

Реџо Калабрија, 26 октомври 2020 (МИА) – Италијанскиот фудбалски клуб Реџина објави дека 21 играч бил заразен со коронавирус, заедно со уште шест други членови на тимот.

Според изјавата на членот на Серија „Б“, меѓу заразените има 21 фудбалер, тренерот и неговиот помошник.

Натпреварот помеѓу Реџина и Цитадела, кој требаше да се игра во сабота, е одложен.

По четири кола, Реџина има победа, реми и два порази.