Connect with us

Фудбал

Во италијанскиот тим Лече ќе остане само еден македонски интернационалец?!

Бобан Николов пред извесно време потпиша за италијанскиот тим Лече. Таму уште претходно беше повремениот македонски репрезентативец Леонард Жута. Сепак, според последните информации кои доаѓаат од Италија, норвешкиот тим Валеренга е заинтересиран за македонскиот бек, кој има и шведски пасош. Сега не се знае дали преговорите почнале или не, но италијанските медиуми велат дека доколу на адреса на Лече стигне добра понуда за Жута, тогаш клубот ќе одлучи да се раздели со него.

Жута во Лече дојде од шведски Хакен. Минатата сезона во Серие Б, Жута одигра 23 мечеви, а неговиот тим успеа да стигне до плеј офот за Серие А, но не успеа да обезбеди пласман во елитата. Освен за Лече и Хакен, Жута играше за Ријека и Коњаспор.