Connect with us

Фудбал

Во јануари, со сите сили се обиде да го напушти Челзи, а денес го продолжи договорот

Трансфер политиката на Челзи драматично се промени по пандемијата на коронавирусот, а лондонскиот клуб тоа го докажа денес.

Поради финансиската криза, клубот реши да ги продолжи договорите на повеќето фудбалери што ги отпишаа на почетокот на годината. Првиот што потпиша нов договор денес е Вили Кабалеро, а набргу потоа, лојалноста кон клубот ја продолжи и Оливие Жиру.

Во јануари, Жиру се обиде на секој начин да го напушти Челзи, но тоа не се случи. Тој реши да остане до крајот на сезоната кога неговиот договор требаше да истече, но пандемијата промени сè.

Челзи реши да ја искористи опцијата да го продолжи договорот за уште една година, на што Жиру не се спротивстави. „Сините“ официјално објавија дека тој го продолжил договорот до летото 2021 година.

„Среќен сум што го продолжив моето патување во Челзи. Не можам да чекам фудбалот да се врати и да продолжам да играм со моите соиграчи. Среќен сум што ќе го носам дресот на овој клуб и следната сезона“, рече Жиру.