Connect with us

Фудбал

Во колекцијата на дресови на Стерлинг недостасува само уште еден: Тоа е сè што сакам …

Крилниот напаѓач на Манчестер Сити, Рахем Стерлинг изјави дека дресот на Лионел Меси е единственото нешто што недостасува во неговата колекција.

Стерлинг има многу дресови од ривалите против кои играше. Ги чува дома и го чека крајот на кариерата да ги изложи на некое видно место.

Во моментов единствено му недостасува дрес на ѕвездата на Барселона.

„Има само еден дрес што навистина сакам да го имам, тоа е на Меси“, вели Стерлинг и додава: „Кога игравме против Барселона, го добив дресот на Нејмар. Тоа беше првиот кој некогаш сум го побарал. Кога ке ја завршам кариерата ќе ги изберам оние кои најмногу ги сакам и ќе ги изложам во собата со трофеите“.

Одличниот крилен фудбалер додава дека Роналдињо бил негов модел на почетокот на кариерата.

„Роналдињо беше тој. Ако ја погледнете мојата историја на пребарување на Интернет, ќе видите дека го прегледав секој клип со него. Јас се обидував да го имитирам тоа што го правеше тој. Тој беше посебен“, додава Стерлинг.

Стерлинг и неговиот Манчестер Сити имаат добри шанси да се пласираат во четвртфиналето од Лигата на шампионите штом ќе продолжи натпреварувањето, исто како и Барселона. Значи, можно е уште во ова сезона, 25-годишниот фудбалер да добие шанса да го замени дресот со Меси.