Connect with us

Кошарка

Во Крива Паланка се одржа меморијалниот стритбол турнир „Феликс 2020“

Крива Паланка, 31 август 2020 (МИА) – На кошаркарскиот терен “Партизан” во Крива Паланка синоќа се одржа 12-тиот традиционален стритбол турнир во организација на локален клуб на млади на СДММ, осми меморијален- посветен на Александар Наковски-Феликс.

  • Турнирот е традиција која ги собира на едно место љубителите на кошарката веќе дванаесет години на овој ист терен, кадешто прерано згасна животот на нашиот другар, соработник, поддржувач, истакнат културен работник и вљубеник во кошарката и спортот, Феликс. Токму поради тоа, веќе по осми пат, на турнирот што го носи неговото име доаѓаат голем број кошаркари и кошаркарки кои во негова чест играат и се забавуваат. Благодарност до семејството на Наковски, сите заедно го продолжуваме и почитуваме ликот и делото на Феликс. Благодарност за учеството на екипите, но и за поддршката од КК Крива Паланка, “Воденица”, “Студенац” и нашиот претседател, Михаил Дејановски, што овозможија да се реализира беспрекорно и годинашниов турнир, изјави Методија Вучковски, претседател на ЛК на СДММ , Крива Паланка.

На почетокот на турнирот беше доделена плакета во знак на почит за сопругата на А.Н.Феликс, Катерина Митовска-Наковска, како и кошаркарски дрес со логото на турнирот за синот, Никола Наковски.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, посочи дека важноста на овој турнир се огледа и во големиот број млади луѓе, вљубеници во кошарката кои ја промовираат Крива Паланка во кошаркарски град.

  • Од овие терени се изнедриле многу кошаркари и кошаркарки кои ја претставуваат државата, еден од нив, нашиот прв кривопаланчанец кој стапна на американско тло во НЦАА, Андреј Јакимовски, тука е нашиот репрезентативец Горазд Величковски, како и многу други кои благодарение на ентузијастите од кошаркарскиот клуб “Крива Паланка”, Ведран, Ирена, Мирослав и целиот тим, ја промовираат општината во најдобро светло. Доказ за тоа е што оваа сезона клубот има и женска екипа која ќе настапи на интернационална сцена, во Аба-регионалната лига за жени до 17 години. Нека бидат бројни ваквите приказни,а ние да го чуваме споменот на Феликс и да целиме кон нови убави нешта, рече Мицевски.

Турнирот започна симболично со ревијален натпревар помеѓу екипи на СДСМ и СДММ, по што беше прекинат и се оддаде почит со едноминутно молчење во име на Александар Наковски-Феликс, но и за истакнатите спортски работници и исто така вљубеници во кошарката чиишто животи згаснаа прерано, Момчило Деспотовски и Зоран Петковски-Зеко.

loading...

На турнирот учествуваа единаесет екипи, седум во машка и четири во женска конкуренција, а победија “Тим 1”, кај момците и женскиот состав “Пинк”.

Турнирот се одржа во согласност со мерките и протоколите за заштита од Ковид-19. ид/зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com