Фудбал
„Во моментов не се враќам во Премиер лигата“
Тренерот Рафа Бенитез призна дека еден ден ќе се врати во Премиер лигата. Сепак, тој ја отфрли можноста овој кам-бек да се случи сега. Поранешниот тренер на Ливерпул, Челси и Њукасл во Премиерлигата моментно е во Кина, каде го води тимот на Далијан Јифанг.
Говорејќи во понеделник вечер фудбал, шпанскиот селектор рече
„Секако во иднина би сакал повторно да се упатам кон Англија, но во моментов сум задоволен овде во Кина. Имав понуди, но јасно им кажав на сите дека засега не се враќам таму.
Среќен сум и мирен овде во Кина. Тие веруваат во мене и како персонал имаме многу да направиме напред. Одличен проект. Сакам да оставам белег овде во Кина, тоа е предизвик за мене, бидејќи исто така и учам многу, ова е извонредно искуство. Затоа, среќен сум“, рече Бенитез.