Connect with us

Кошарка

Во Њујорк е убиен кошаркар

Кошаркарскиот талент Дариус Ли беше застрелан за време на забава во градината во Њујорк. Веста за смртта на 21-годишниот спортист ја соопшти Универзитетот Хјустон Баптист, каде што Ли бил студент, пишува Блиц.

Во официјалното соопштение, њујоршката полиција подоцна потврди дека во понеделникот околу 12:40 часот е примен сигнал за пукање во населбата Харлем. Екипа испратена на местото на настанот пронашла седум мажи и две жени со прострелни рани. Меѓу нив бил и Дариус Ли.

Младиот кошаркар веднаш бил пренесен во болница бидејќи повредата била во пределот на градниот кош. Набргу по пристигнувањето во болница, лекарите констатирале смрт.

Полицијата соопшти дека е пронајдено оружјето со кое бил застрелан. Во тек е истрага за околностите околу крвавиот инцидент и се расчистува идентитетот на пукачот. Не беа соопштени повеќе детали.

Дариус Ли беше најдобар играч во кошаркарскиот тим на неговиот универзитет минатата сезона и ја освои наградата за најдобар спортист на училиштето. Тој имаше просек од 18,2 поени и 8,3 скока по натпревар. Во декември, Ли мораше да го заврши своето високо образование. Според експертите, талентираниот спортист сигурно би бил вклучен на НБА драфтот во 2023 година.

Реклама

Facebook