Connect with us

Други спортови

Во овие години ништо не препуштам на случајност

Швајцарскиот тенисер Роже Федерер, најави дека би можел да се врати на турнирите на земјена подлога во 2019 година. Во последните две сезони, фановите немаа среќа да го гледаат тенискиот ветеран на Ролан Гарос и на турнирите кои му претходат на грен слем турнирот во Париз.

-Во наредните неколку дена ќе зборувам со мојот тим и ќе донесам одлука. Истата ќе мора да се случи што поскоро, бидејќи мора подобро да се подготвам за сезоната доколку се одлучам да настапам на дополнителен број на турнири. На оваа возраст не можете ништо да оставите на случајноста, вели Федерер.

Тенисерот од Базел заедно со своите наблиски е во Абу Даби, а потоа ќе се упати во Перт, каде ќе биде дел од Хопман Купот, заедно со својата партнерка, Белинда Бенчиќ.