Фудбал
Во Париз доделување на наградите, ама Меси во Барселона на концерт! (ВИДЕО)
Лионел Меси е се поблиску до заминување од Пари Сен Жермен, а еден од најдобрите играчи во историјата уште еднаш покажа дека не е многу заинтересиран за случувањата во францускиот шампион.
Во саботата вечерта, во претпоследното коло, Аргентинецот постигна гол против Стразбур во ремито 1:1, со што Пари Сен Жермен и теоретски ја обезбеди титулата во Франција.
Ден подоцна во Париз се одржа церемонија на која беа доделени наградите на најдобрите играчи во Лига 1. Меси беше избран во идеалниот тим, но Лионел не дојде да ја прими наградата.
Наместо тоа, тој и неговата сопруга присуствуваа на концертот на „Колдплеј“ во Барселона на Олимпискиот стадион. Секако, кога беше забележан, веднаш започна скандирање во градот каде што остави најголема фудбалска трага.
Враќањето во Барселона и понатаму е една од опциите за продолжување на кариерата на Меси.
Leo Messi, not at UNFP ceremony with PSG tonight — he’s at Coldplay concert in Barcelona. 🏟️🎶 #Messi
Barça fans chanting for Leo there, via @gerardromero ⤵️🎥 pic.twitter.com/Kqia0eWXR0
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 28, 2023