Connect with us

Фудбал

Во Париз се создава уште еден гигант, стартува протектот „Град на светлината“

Благодарејќи на големите вложувања на државата Катар, преку својата компанија Катар Спорт Инвестмент, ПСЖ стана речиси непобедлив во Франција од 2011-та година и без конкуренција. Освои дури седум шампионски титули.

Останатите клубови се немоќни со сегашните вложувања, но наскоро се може да се смени. Најави има за богати шеици дека ќе го купат Марсеј, но последните информации велат дека во Париз би можел да се појави уште еден финансиски гигант.

Кралството Бахреин одлучи да купи 20 отсто од акциите на второлигашот ФК Париз, а во иднина може да се случи потполно преземање на клубот.

Во моментов мнозински сопственик е Пјер Фарачи со 77 отсто од акциите, но сепак Бахреин има намера да стане жестока конкуренција на Катар, па донесена е одлука да се тргне во голем проект наречен „Град на светлината“.

Засега е вложено скромни пет милиони евра. Бахреин за тие пари ќе добие реклама на дресот „Explore Bahrein“, а најавите се дека во следните години вложувањата ќе бидат зголемени, па полека, но сигурно ќе се формира уште еден фудбалски богаташ/.

ФК Париз последен пат играше во Лига 1 во далечната 1974-та година.