Connect with us

Фудбал

Во Париз уапсени 68 навивачи

Министерството за внатрешни работи на Франција денеска соопшти дека поради инцидентот пред саботниот финален натпревар од Лигата на шампионите во Париз, се уапсени 68 лица, а на 39 им е одреден полициски притвор.

Почетокот на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул (1:0) доцни повеќе од половина час, поради нередите околу стадионот „Франција“.

Голем број навивачи се обиделе насилно да влезат на стадионот, а дошло и до конфликт со полицијата која во неколку наврати употребила солзавец.

И покрај тоа што дел од гледачите имаа билети, тие на стадионот влегоа дури на крајот од првото полувреме.

Париската полиција преку соопштение за медиумите во саботата вечерта соопшти дека пред натпреварот многу навивачи без билети или со фалсификувани билети го попречувале влезот на стадионот.

Според француските власти, немало посериозни инциденти меѓу двете навивачки групи.

Локалните власти организираа безбедносен сектор, во кој 40.000 навивачи на Ливерпул го следеа финалето без билети на големите телевизиски екрани.

Реал со победа ја освои 14. европска титула.