Connect with us

Други спортови

Во порно – филмовите има подобра глума

Боречкиот натпревар помеѓу непоразениот американски боксер во лесна категорија, Флојд Мејведер и Јапонецот Теншина Насукава предузвика голем интерес кај публиката, а поранешниот УФЦ борец Брендан Шауб ги обвини боксерите дека го наместиле мечот кој се одржа за нова година.

Тоа беше егзибициска борба во „земјата на изгрејсонцето“, во која Мејведер заработи девет милиони долари за нешто повеќе од две минути.

  • Подобра глума имам видено само во порно – филмовите! Флојд беше Флојд, одеше напред и беше агресивен. Не е тешко да се намести ваков натпревар, но Теншина му требаат лекции за глумење. Требаше на Насукава да му објаснат како одат работите во Холивуд, како да падне по примениот удар. Дури и неговото плачење не беше добро одглумено, ја прокоментира борбата поранешниот УФЦ борец.

Шауб смета дека Мејведер покажал добра смисла кога во прашање е бизнисот и уште еднаш земал лесни пари.

  • Работата која Мејведер го чини толку контроверзен е токму овие потези, затоа го сметам за најдобриот бизнисмен во историјата на боречките спортови. Од прва рака видов како работи за заработувачка на пари. Мечот против Насукава беше лажен. Кој би помислил дека ова е вистинито? Зарем верувате во приказните од страна на УФЦ дека некој бил позитивен на допинг тест поради користење на апчиња за пенисот? Но, на кого му е важно тоа. Тој лесно заработи девет милиони долари и сега може да слави, додаде Брендан.

Инаку, Мејведер покажа големо непочитување кон младиот јапонски боксер, бидејќи доцнеше на борбата цели два часа. Американецот исто така по завршувањето на мечот му испрати неколку утешителни  зборови на поразениот противник и веднаш си замина.