Connect with us

Фудбал

Во Премиер лигата од 1. јули ќе бидат воведени шест нови правила во играта

Англиската Премиер лига ќе добие неколку нови правила за сезоната 2019/20.

Од година во година фудбалот доживува значајни промени, а некои ги воведе и раководството на Премиер лигата.

Најгледаната лига на светот, со помош на ИФАБ (Меѓународниот одбор за помош во фудбалот), воведе шест нови правила кои на сила стапуваат од 1. јуни 2019. година.

Слободен удар

Често се приметува противнички играч кој му попречува на живиот ѕид кој го поставува голманот, но сега играчот нема да може да стои пред живиот ѕид на противничката екипа. Кога ке се формира одбрамбениот жив ѕид со три или четири играчи, тогаш на играчот од другата екипа нема да му биде дозволено да во близина на живиот ѕид од едно метро.

Секој играч кој ќе го прекрши ова правило на екипата која се брани ќе му поклони индиректен слободен удар.

Пенал

Иако претходното правило му служеше на голманите, ова сигурно нема да му служи. Имено, кога се изведува пенал, голманот ќе мора барем со едната нога да биде на гол-линијата, а покрај тоа, нема да може да се движи по линијата и да ги допира рамките на голот.

Замена

Често пати сме виделе како играчите штедат на време кога излегуваат од теренот, посебно во завршницата на натпреварот, но сега ке се проба да се намали губитокот на време, па играчите че излегуваат од игра таму каде што се наоѓаат во моментот на замената, а не да одат до делот каде чека играчот кој треба да влезе во игра.

Жолти и црвени картони за тренерите

Освен играчите, сега и тренерите ќе можата да добиваат картони. Службеното лице има право да му покаже жолт или директен црвен картон на тренерот кој протестира.

Поседот на топката

До сега случај беше судијата да ја потфрли топката која потоа еден играч ја доделува на противничката екипа, на пример во случај на фер-плеј. Но, сега судијата веднаш ќе ја додели топката на екипата на која му припаѓа.

Ракомет

Правилото за играње со рака во напаѓачката третина е променето. Голот нема да биде признаен доколку топката ја допри некој играч пред да ја помине гол линијата. Доколку играчот случајно ја допре топката со рака и создаде шанса за гол, тогаш на противникот ќе му биде досуден слободен удар. Иако ова правило се уште е контроверзно, треба да видиме како тоа ќе се применува.

Покрај ова, Премиер лигата наредната сезона конечно ќе добие и ВАР и тоа би требало да ги отстрани сите елементарни неправилности во текот на натпреварот.