Ракомет
Во пријателски натпревар, Металург 2 го совлада тимот на Тиквеш
Во Автокоманда вчера навечер се одигра пријателски натпревар меѓу екипите на Металург 2 и на Тиквеш.
По голема и интересна борба, победата му припадна на вториот тим на Металург, кој славеше со резултат 29:28 (16:14).
Видовме навистина интересен и израмнет натпревар во кој и двете екипи имаа свои периоди и свои водства, но никогаш со повеќе од два гола.
Тиквеш, како единствен непоразен тим во прволигашкото натпреварување и засилен со нашиот Дарко Кондев, се претстави како цврст и солиден противник, кој до последен момент беше во игра за победа.
Сепак, за нијанса подобри беа момците на Игор Котевски, кои заслужено и се радуваа на победата.