Connect with us

Фудбал

Во Реал Мадрид, бесни поради повторената жрепка, им се падна многу потежок ривал

УЕФА денеска одлучи да ја повтори ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, што предизвика огромни реакции.

Во понеделникот во 12 часот беше одржана ждрепка, но УЕФА набрзо ја призна грешката, па во 15 часот беше закажана нова ждрепка. На првобитната ждрепка имаше голем број мали пропусти, а најконтроверзно беше тоа што Манчестер Јунајтед падна со Виљареал, тимови кои се соочија во групната фаза.

Реал Мадрид првично го извлече тимот на Бенфика, а на „вистинската“ ждрепка одржана во 15 часот, „Кралевите“ за свој ривал го добија ПСЖ.

Токму Мадрид беше најгласен откако УЕФА реши да ја повтори ждрепката, а тие рекоа дека тоа е апсурдно бидејќи нивниот пар е „легално избран“. Од друга страна, Атлетико Мадрид, кој првпат го доби Баерн, беше за нова жрепка поради пропустите на УЕФА.

Црвено-белите од Мадрид подоцна беа поразени од Манчестер Јунајтед и се чини дека повеќе им одговараше повторување.

Пеп Гвардиола ја коментираше и ждрепката, велејќи дека е во ред да се повтори доколку има пропусти. Неговиот Манчестер Сити ќе игра против Спортинг.