Фудбал
Во Саудиска Арабија го скратија работниот ден поради мечот со Аргентина
Саудиските власти издадоа декрет за скратување на работниот ден во земјата. Локалните институции мораа да го ослободат персоналот еден час пред почетокот на натпреварот на Саудиска Арабија со Аргентина на Светското првенство во 2022 година, објави порталот Ахбар ал Аџил.
„Согласно официјалните упатства на властите, во вторник работниот ден во сите владини институции завршува околу 11:00 часот, имајќи го предвид почетокот на натпреварот меѓу репрезентациите на Саудиска Арабија и Аргентина“, се вели во владината одлука. .
Освен со Аргентинците, Саудијците во групата Ц на СП 2022 ќе се соочат и со Мексико и Полска.