Connect with us

Фудбал

Во Шпанија 90 отсто од судиите се за Реал Мадрид, а 10 отсто се за Барселона

Поранешниот истакнат шпански судија Итуралде Гонзалес анализирајќи ја денешната ситуација со фудбалските судии во Шпанија, но и во Европа, го навлече гневот на фановите на Реал Мадрид.

„Деведесет отсто од судиите навиваат за Реал, а останатите десет отсто се за Барселона. Судиите во Шпанија не доаѓаат од Марс. За да станете судија, мора да го сакате фудбалот, а ако го сакате фудбалот, сигурно имате и омилен тим. Јас имав среќа да се родам во Билбао, каде што сите луѓе навиваат за Атлетик. Сепак, останатите луѓе најчесто се или за Реал Мадрид или за Барселона затоа што тоа се клубови кои имаат победнички менталитети. Судиите во шпанското првенство главно навиваат за Реал, но тоа не значи кога му судат на гигантот од Мадрид дека не се професионалци“, вели Гонзалез.