Во Шпанија: Погба не доаѓа, Зидан си заминува од Реал Мадрид

Зинедин Зидан многу сериозно размислува за заминување од Реал Мадрид, доколку клубот не успее да го донесе играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба во Мадрид ова лето. Францускиот стратег ги напушти „Лос Бланкос“ минатото лето и беше повторно назначен, откако Хулен Лопетеги и Сантијаго Солари не успеаја во обидот да го направат „белиот балет“ силен тим по три освоени трофеи по ред во Лигата на шампионите.

Повторниот договор помеѓу Зизу и Флорентино Перез се должи на тоа дека шефот ветил силен трансфер прозорец, при што Пол Погба бил најважниот играч што треба да го привлече. Во овој момент, ваква разврска се чини скоро невозможна, бидејќи Манчестер Јунајтед веќе не може да најде негова замена, иако може да го продаде својот играч од средниот ред.

Шпанскиот новинар Диего Торес ја објави оваа вест за Погба. Во исто време, престојот на Герет Бејл на Бернабеу, исто така, дотура дополнително „масло на оганот“ за Зидан и неговата долгогодишна иднина во клубот.

– Не доаѓањето на Пол Погба го става Зидан во позиција да сака да го напушти Реал Мадрид. На прелиминарните средби со претседателот на клубот, му беше ветено дека ќе го привлече Погба во текот на летото, а тоа уште не се случува. Ова само го отвора јазот уште повеќе заради недовербата меѓу Зидан и Флорентино Перез. За Зизу, неговиот проект со Погба е сосема различен. Ова е причината поради која тој се врати во Реал Мадрид толку брзо по неговото заминување минатата година. Сегашната ситуација сепак во голема мерка ги зголемува неговите шанси повторно да го напушти Мадрид, призна Диего Торес за локалните медиуми.

Реал Мадрид го започнува своето учество во шампионатот оваа сабота со гостување кај Селта Виго.

Извор: Нетпрес