Connect with us

Фудбал

Во соблекувалната на Барселона било бурно, „Марка“ ги откри деталите

На гостуваето кај Селта, во соблекувалната на Барселона по мечот кој заврши 2:2, било прилично напнато, а деталите што точно се случувало открива „Марка“, која традиционално е наклонета на Реал Мадрид. Одредени играчи го критикувале тренерот Кике Сетиен поради негови одредени одлуки, особено тоа се однесува на некои тактички потези и измените, на пример оние на Артур Мело и Антоан Гризман.

Дискусијата била напната, што најдобро покажува дека односот помеѓу стручниот штаб и играчите не е баш најдобар, пишува „Марка“.

На играчите наводно не им се допаѓаат одредени методи на тренерот, а доколку вака продолжат ќе ја загубат трката за титулата.