Connect with us

Други спортови

Во Србија слават, тимот на Ѓоковиќ извојуваа мала победа

Конечната одлука за депортацијата или престојот на Новак Ѓоковиќ во Австралија ќе биде донесена вечерва.

Завршно судење пред Сојузниот суд ќе се одржи вечерва во 23:30 часот.

Српските медиуми веќе почнаа да слават, а наведуваат дека тимот на Ѓоковиќ веќе извојувале една мала победа.

Имено, доколку се не оди според планот на Владата на Австралија, која сака депортација на Ѓоковиќ, тој нема да има право на жалба.

Така, ако сега Судот пресуди во корист на Ѓоковиќ, се ќе биде готово.

Ѓоковиќ вечерашното судење ќе го чека во хотелот за мигранти, каде што престојуваше и претходно.

Во некои австралиски медиуми има жестоки напади на Ѓоковиќ, а насловната страница на Хералд Сан носи наслов: „Надвор“.

Реклама

Facebook

Реклама