Connect with us

Фудбал

Во тек се преговори, Караско наскоро во Премиер лигата?

Јаник Караско пред себе има светла иднина во европскиот фудбал, тој играше одлично во Атлетико Мадрид, но во февруари 2018 година челниците одлучија да го продадат на кинескиот Далијан Јифанг.

Според бројните европски медиуми, кинеската авантура на Караско брзо се претвори во кошмар.

26-годишниот репрезентативец на Белгија веќе некое време се надева на враќање во Европа, а сега има нови шпекулации кои велат дека ова би можело да се случи оваа зима.

Кон крајот на 2019 година, гласините беа дека Караско може да замине во Италија, но сега познатиот белгиски новинар Кристоф Терер тврди дека во тек се преговори помеѓу Далијан и Кристал Палас за евентуален трансфер на крилниот играч.

Според Тереур, кампот на Караско е сè уште многу претпазлив затоа што справувањето со Далијан не е секогаш лесно.

Палас, наводно, сака да го донесе Караско на позајмица.

Инаку, Караско во моментов е во Белгија каде што тренира сам и се надева дека наскоро ќе се префрли.