Фудбал
Во Трабзонспор нема повеќе тренинзи во помали групи
Во Трабзонспор започнаа со нормални тренинзи.
Фудбалската асоцијација на Турција објави пред неколку дена дека сезоната во домашната Супер лига ќе продолжи на 12 јуни, а според тоа Трабзонспор веќе започнал со интензивни подготовки.
Иако до сега беше правило дека тренинзите треба да се одвиваат само во групи, Трабзонспор не се грижи за последиците и вчера тие започнаа да работат нормално.
Бидејќи таа одлука не ја донесе турското Министерство за здравство, за било какви последици ќе биде одговорна исклучиво фудбалската асоцијација на таа земја.
На осум кола пред крајот на првенството, Трабзонспор и Истанбул Басакшеир се лидери на табелата со по 53 бода, додека Галатасарај е на третото место со 50 бода.
Вкупниот број потврдени случаи на инфекција со коронавирус во Турција надмина 100.000. Досега се пријавени повеќе од 3.000 смртни случаи.