Connect with us

Фудбал

Во цветот на младоста, репрезентативец почина по натпревар на својот живот!

Нова трагедија во светот на фудбалот.

Билел Бенхамуда почина во цветот на младоста откако го одигра својот најдобар натпревар во својата кратка кариера.

Бенхамуда беше брилијантен во победата на Алжир над Конго. Во триумфот од 3-0, покојниот фудбалер постигна гол и запиша асистенција.

Сепак, неговата среќа траеше кратко бидејќи на суров начин го заврши својот живот, поточно загина во страшна несреќа.

Бенхамуда загинал во сообраќајна несреќа додека се враќал дома од натпревар во друштво на пријатели како би го посетил своето семејство.

Офанзивниот играч за врска кој за еден месец требаше да наполни 25 години сакаше да ја сподели радоста со мајка си и татко си, но за жал тоа не се случи.

Бенхамуда настапуваше за алжирските клубови Хаџу и Алжир, неодамна почна да настапува за А селекцијата на својата земја, се подготвуваше и за европски трансфер кој на крајот не го доби.