Други спортови
Во Украина загина познат руски спортист: Бил доброволец во војната, го загубил животот во Донбас
Војната во Украина, која трае веќе една година, однесе уште една спортска жртва. Поранешниот руски киокушин (стил во карате) борец Сергеј Увицки, некогашен овојувач на сребрен медал на Европското првенство, загина додека беше на должност во Донбас! Како доброволец во одредот „Сојуз“ бил стациониран на истокот на Украина, каде при операција го загубил животот.
Одредот во кој припаѓаше Сергеј има над 100 руски спортисти – првенствено оние кои вежбале боречки вештини пред почетокот на војната. По обуката во Чеченија на почетокот на јануари оваа година, тие беа распоредени на позиции во Донбас, каде Русија со месеци се обидува да освои некои од точките за кои се верува дека имаат одлучувачко влијание врз исходот на целосниот размер војна која трае од минатата година.